Seminarski i Diplomski Rad

 Bolnički informacionen sistem (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10

С о д р ж и н а
Вовед.......................................................................................2
Болнички информационен систем............................................3
Компоненти на болнички информационен систем....................4
3.1. Клинички информационен систем.....................................4
3.2. Финансиски информационен систем..................................5
3.3. Лабараториски информационен систем.............................5
3.4. Информационен систем за нега.........................................5
3.5. Аптекарски информационен систем...................................6
3.6. Архива на сликовит-комуникациски систем.......................7
3.7. Радиолошки информационен систем.................................8
4. Заклучок.................................................................................9
5. Користена литература............................................................10
В о в е д
Болничките информациони системи управуваат со информациите кои што им се потребни на работниците во болницата да им помогне успешно и ефикасно да даваат здравствена заштита. Овој систем ги опфаќа заедничките активности во рамките на болницата, финансиските активности на работењето, работа со медицинската архива, подршка на здравствените работници во интерпретација на здравствените податоци, донесување на одлуки и други.
Клиничките системи на информации го формират јадрото на електронски запис на пациентот додека пак административните системи се оние системи кои се употрбуваат за управување со пациентите и трансфери, наплата и побарувања, складирање на демографски и лични податоци на пациентите, планирање на ресурси и др.
Болничкиот информационен систем го опфаќа административниот домен кој што никако неможе да се занемари и кој што е претставен како дел од болничко информациониот систем. Најголем број на болничко информациониот систем до скоро биле дел од строго финансиски тип, додека поголемиот дел од нив евалуирале во менаџмент информациони системи.
Денес во светот преовладува мислењето дека за унапредување на здравствените услуги во временски оптимален рок и инвестиционен исплатлив конектст, неопходно е финансискиот информационен систем и менаџмент инфорамационен систем да бидат поврзани со клиничкиот информационен систем кој што ги опфаќа одделенските информациони системи.
2.Болнички информационен систем (HIS)
Болничкиот информационен систем (HIS) претставува интетегриран информационен систем за управување на административни, финансиски и клинички аспекти во болницата. Овој систем опфаќа како хартиена, така и компјутерска обработка на податоци. Обработката на податоци се состои од една или повеќе софтверски компоненти како и голема разновидност на системот во медицината на пример:лабараториски и радиолошки информационен систем.
Клиничкиот информационен систем понекогаш се одвојува за да се концентрира на пациентите и на нивната клиничка состојба поврзана со податоци,додека потоа води евиденција со административни прашања. Разликата не е секогаш јасна и тоа е контрадикторен доказ,против доследно користење на двата докази.
Болничкиот информационен систем претставува систем на пресметување кој е дизајниран да управува со сите болници, медицински и административни податоци, со тоа што здравствените работници ќе ги извршат своите задачи делотворно и ефикасно.
Болничкиот информационен систем се развил во 1960година, и претставува важен дел во болницата за управување со информациите во управата. Поранешните системи се состоеле од големи централни пресметувачи поврзани со непрецизни термини кои сега се заменети со компјутерска мрежа. Системите биле користени за управување на инвентарот на пациентите во болницата, а исто така и за финансискиот болнички инвентар.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!